недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Изборите за Европскиот парламент ќе одлучат за иднината на христијанска Европа

Изборите за Европскиот парламент ќе одлучат за иднината на христијанска Европа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ја претстави изборната програма на својата партија Фидес за изборите за Европскиот парламент, со порака дека на нив ќе се одлучува за иднината на „нашата христијанска цивилизација“.

-Изборите за Европскиот парламент ќе одлучат дали Европската унија во иднина ќе има промигрантски или антимигрантски лидери, дали Европа ќе продолжи да им припаѓа на Европејците или на другите цивилизации, дали ќе можеме да ја зачуваме нашата христијанска европска култура или просторот ќе го препуштиме на мултикултурализмот, изјави Орбан.

Според него, незадоволството од европската елита е предизвикано главно од нејзиниот однос кон прашањето за миграцијата.

Тој предупреди дека Европа не се соочува само со мигрантска криза, туку и со миграција на луѓето во историска смисла.

Орбан верува дека Европа може да ја спречи масовната миграција, „но, дека воопшто не се обидела“ и додава дека актуелните европски лидери ја поддржуваат и охрабруваат миграцијата.

Фидес во својата програма се залага да им се одземат овластувањата на „бриселските бирократи“ за регулирање на прашањето за миграцијата и таа надлежност да им се врати на членките на ЕУ.

Коронавирус