понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 120
home Вести

Избори во Шпанија: Победија социјалистите, но немаат мнозинство

Избори во Шпанија: Победија социјалистите, но немаат мнозинство

Шпанските социјалисти, предводени од премиерот Педро Санчез, победија на парламентарните избори во Шпанија, но немаат мнозинство, покажуваат прелиминарни резултати врз основа на 99 проценти од преброените гласови.

Според резултатите објавени од шпанскиот министер за надворешни работи, партијата на Санчез ќе има 123 места во парламентот од 350 места, додека десничарскиот центар на Сиудаданос ќе добие 57 места.

За првпат од крајот на воената власт од 70-тите, екстремно десничарската партија Вокс, што се противи на мултикултурализмот, феминизмот и неограничената миграција, е на пат да влезе во парламентот.

Според прелиминарните резултати, партијата ќе добие 24 места во парламентот, додека десничарската конзервативната Народна партија (ПП) ќе има 65, а ултралевичарската Унидас Подемос 42 места.

Одѕивот на вчерашните парламентарни избори во Шпанија е девет отсто повисок отколку на изборите во 2016 година.

Коронавирус