четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 12
home Вести

Избори во Русија во 80 региони

Избори во Русија во 80 региони

Во Русија денеска се одржуваат избори на различни нивоа, во кои право на глас имаат 65 милиони луѓе.

Во 22 субјекта на Руската Федерација ќе има директни избори за гувернери. Во четири региони ќе се избираат раководители, за кои ќе гласаат пратениците во регионалните парламенти. Во 16 субјекти ќе се избираат пратеници во локалните законодавни собранија. Во 12 субјекти ќе има избори за областни собранија на областните центри. Ќе се гласа и за седум места во државната Дума – Долниот дом на рускиот Парламент.

Ќе се спроведат и многу општински избори, меѓу кои најголем интерес предизвикува гласањето за градоначалник на Москва.

Вкупно ќе се одржат 4.700 гласања во 80 региони во земјата.

Централната изборна комисија не очекува висока излезност на изборите.

Изборите се одржуваат во момент на социјална тензија поради пензиските реформи, кои предизвикаа протести во целата држава.

Експерти изјавија дека засега изборниот процес минува мирно.

МИА