петок, 4. декември 2020. Вести денес: 8
home Вести

Избегнувајте места каде што има голем број на луѓе: На овој начин се шири коронавирусот кога некој заразен ќе кивне или кашла! (ВИДЕО)

Избегнувајте места каде што има голем број на луѓе: На овој начин се шири коронавирусот кога некој заразен ќе кивне или кашла! (ВИДЕО)

Коронавирусот се шири по пат на капки, откако заразена личност се накашла или кивне, а оваа 3Д анимација која што ја направија научници од Финска покажува на кој начин „облакот“ коронавирус патува во затворен простор, односно маркет, пренесува „Сан“.

Научниците создадоа компјутерска симулација, со цел да проучат колку далеку може да достигне вирусот во затворен простор. Резултатите до кои дојдоа се загрижувачки, заразните капки можат да заразат здрава личност дури и откако инфицираната личност го напушти објектот во кој се накашлала или кивнала претходно.

Научниците велат дека најдобар начин да се избегне заразата е да се избегнуваат јавни места на кои што има многу луѓе.

-Доколку одите на места каде што има многу луѓе, задржетесе најкратко што можете, советува професорот Вили Вуринен од Алто универзитетот во Финска.

На видеото е прикажано како се шират капките од местото каде што кивнала или се накашлала инфицирана личност, а загрижувачки е и фактот што на поширок простор овие капки се задржуваат дури и неколку минути.

Во породолжение погледнете го видеото, за тоа како коронавирусот се шири во продавница и колку долго останува во воздух:

Коронавирус