недела, 9. август 2020. Вести денес: 76
home Вести

Избегале 59 мигранти од карантин во Шпанија

Избегале 59 мигранти од карантин во Шпанија

Група од 59 мигранти избегале од спортска сала во Шпанија, каде биле задржани во карантин, бидејќи било утврдено дека биле во контакт со лица заразени со коронавирусот, јавија денеска шпанските медиуми.

Властите во југоисточниот шпански регион Мурсија соопштија дека на мигрантите им бил одреден карантин од 14 дена во спортска сала во близина на градот Картагена, пишува „Ла Вердад”.

Полицијата досега успеала да пронајде и да врати во карантин 15 избегани мигранти.

Коронавирус