сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 99
home Вести

Избегал од затвор уште во времето на Вотергејт, ФБИ го пронајде после 46 години (ФОТО)

Избегал од затвор уште во времето на Вотергејт, ФБИ го пронајде после 46 години (ФОТО)

„Ова апсење треба да испрати јака порака кон сите насилни криминалци: ФБИ ќе ве пронајде, без оглед колку време е за тоа потребно и без оглед каде ќе избегате“, истакнал претставникот на ФБИ во Денвер Мајкл Шнајдер по апсењето на еден бегалец кој е фатен после 46 години криење.

Додека Ричард Никсон беше потресен од аферата Вотергејт, а Пол Њуман и Стив МекКвин го снимаа филмот во 1974 година „Кулата на пеколот“, Луис Аркулета избега од затворот во Колорадо.

Бегалецот, кој сега има 77 години, во средата го уапсила федералната полиција во државата Ново Мексико, каде живеел 40 години под лажно име Рамон Монтоја.

Аркулета е префрлен во 1973 година во затвор бидејќи пукал и ранил полицаец во Денвер, главен град на Колорадо. Тој од затвор чекал судење.

„Времето кое поминува не ги оправудува, и не ги брише злоделата“, истакнала полицијата во Денвер и не навела детали како ФБИ дошле до Аркулет.

Коронавирус