четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Ивануша: Ситуацијата е многу сериозна, СЗО е против ковид-пасошите

Ивануша: Ситуацијата е многу сериозна, СЗО е против ковид-пасошите

Директорот на канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Србија, Маријан Ивануша изјави денеска дека епидемиолошката состојба во Србија е влошена поради комбинацијата на неспроведувањето на епидемиолошки мерки и присуството на нови видови на коронавирус кои бргу се шират, јави дописникот на МИА од Белград.

Со последниот пресек на ситуацијата во Србија регистриран е 4.491 заболен, а тој број може брзо да се зголеми на 8.000 и да го загрози здравствениот систем, што значи дека ситуацијата е многу сериозна, изјави директорот на СЗО во Србија за РТС.

Тој наведе дека е тешко да се пресмета колкав процент од граѓаните треба да се вакцинираат за да се постигне колективен имунитет и посочи дека е рано да се зборува за тоа.

Особено имајќи ја во предвид појавата на вирусот кој лесно се пренесува. Ако вирусот лесно се пренесува, тогаш треба да има повеќе вакцинирани (за да се постигне колективен имунитет), посочи Ивануша.

Тој изјави дека воведувањето на ковид пасошите ќе направи разлика меѓу луѓето, што, во никој случај не е прифатливо.

Според него во светот нема доволно вакцини и воведувањето на ковид пасош, кој има за цел слободно да се патува во рамките на ЕУ и покрај пандемијата, ги измешало приоритетните групи за вакцинација и дека луѓето „би трчале по вакцини“.

Ние сме на мислење дека вакцините за кои знаеме дека не се доволни во светот треба да се користат како приоритет за најзагрозените групи на луѓе, а не за туристите, оцени Ивануша.

Според Ивануша воведувањето на ковид пасоши ќе го отвори и прашањето за заштита на личните податоци, како и прашањето – што ќе биде со луѓето кои не можат да се вакцинираат поради здравствени причини.

Коронавирус