среда, 30. септември 2020. Вести денес: 16
home Вести

Итна медицинската евакуација во Источна Гута, Сирија

Итна медицинската евакуација во Источна Гута, Сирија

Хуманитарни работници почнаа итна медицинска евакуација на Источна Гута, опколена бунтовничка зона близу Дамаск, соопшти денеска Меѓународниот одбор на Црвениот крст.

Евакуацијата доаѓа после неколку месеци чекање, за време на кои починаа најмалку 16 лица.

– Сириската Црвена полумесечина и тимови на Меѓународниот одбор на Црвениот крст почнаа евакуација на критичните медицински случаи од Источна Гута, објави на Твитер Црвениот крст..

На Твитер се објавени фотографии на кои е прикажан конвој амбулантни возила, подготвени за евакуација на пациенти.

ОН со недели бара дозвола за евакуација од Гута на речиси 500 пациенти. Според податоците на ОН, за тој период починале најмалку 16 пациенти. 

Коронавирус