вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 44
home Вести

Итен состанок на СЗО, ќе се прогласи ли вонредна состојба на меѓународно ниво?

Итен состанок на СЗО, ќе се прогласи ли вонредна состојба на меѓународно ниво?

Светската здравствена организација денеска ќе одржи состанок на Стручниот одбор за управување со итни случаи, за да процени дали епидемијата на коронавирусот во Кина е вонредна состојба на меѓународно ниво.

Според најновите информации, бројот на заразени со новиот вид корона вирус во Кина се зголемил на 440, а девет лица починале.

Новиот коронавирус, што предизвикува пневмонија, се пренесува од човек на човек  се прилагодува и мутира, и зарази медицински лица.

Вирусот за првпат е откриен во градот Вухан во провинцијата Хубеи, за подоцна да се рашири во други кинески градови, вклучувајќи ги и Пекинг, Шангај и провинцијата Гуангдонг, а исто така е откриено дека има заразени и надвор од Кина.

Прв случај е потврден во САД, пациент кој неодамна се вратил од Кина и се наоѓа во добра состојба откако бил хоспитализиран.

Еден случај е пријавен во Јапонија, Јужна Кореја и два во Тајланд, донесени од кинески туристи од Вухан.

Земјите во Азија и другите делови на светот започнаа со проверка на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатите за да најдат луѓе кои го имаат новиот коронавирус.

Мерките се дел од напорите да се спречи повторување на епидемијата на САРС од 2002 и 2003 година, уште еден короновирус кој започна во Кина и уби речиси 800 луѓе, го парализираше транспортот и ги оштети азиските економии.

Кинеската влада тогаш беше обвинета за влошување на САРС, бидејќи тие првично криеја информации и ја блокираа работата на Светската здравствена организација.

Овојпат кинескиот претседател Си Џинпинг нареди партиските комитети, влади и релевантни оддели на сите нивоа да ги стават на прво место животот и здравјето на луѓето.

Температурата на патниците се проверува на аеродромот Вухан и секој што работи во јавни услуги носи заштитни маски.

Коронавирус