понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 150
home Вести

Итен состанок на ЕУ во Пекинг за коронавирусот

Итен состанок на ЕУ во Пекинг за коронавирусот

Делегацијата на Европска Унија во Пекинг денеска ќе одржи итен состанок за да ја координира репатријацијата на европските граѓани, кои се наоѓаат во Кина за да се ограничи заразата од коронавирусот.

Во соработка со кинеските власти, делегацијата на ЕУ ќе бара најдобар начин да одговори на барањата на европските граѓани кои бараат да бидат итно екстрадирани, по состанокот се очекува делегацијата да ги соопшти мерките што ќе се преземат. Целта е делегацијата на ЕУ да ги координира заеднички барањата за екстрадиција на сите 27 земји членки на Унијата.

Европскиот центар за спречување и контрола на болести порача дека овој вирусот останува помалку смртоносен од СРАС, но дека постојано се набљудува состојбата и дека за сега не може со сигурност да се тврди дека вирусот нема да стане поопасен.

Белгискиот епидемиолог, Марк Ван Ранст за медиумите изјави дека недостасува транспарентност од кинеските власти околу бројот на непотврдените случаи на зараза.

– Кинеските власти транспарентно ги соопштија 2.700 потврдени случаи, но не кажува колку има непотврдени, нивните драстични мерки отвораат сомнеж дека ситуацијата е можеби посериозна отколку што велат, во секој случај мораме да бидеме подготвени, изјави едидемиологот Ранст.

Коронавирус