четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Италијанските лекари на крајот од силите во борба со коронавирусот: Невозможно е да се продолжи со ова темпо, прават и селекција на пациенти

Италијанските лекари на крајот од силите во борба со коронавирусот: Невозможно е да се продолжи со ова темпо, прават и селекција на пациенти

Речиси никој не можеше да ја предвиди здравствената криза што владее во Италија. Италија е една од осумте индустриски најразвиени земји во светот и една од најпопуларните туристички дестинации.

Брзото ширење на коронавирусот ги затекна италијанските болници и лекари неспремни и сега претставува закана за целиот здравствен систем во Италија.

Рим се пофали дека има ,,одличен” здравствен систем кога во февруари беа забележани првите случаи со коронавирусот во местото Кодоња, во Ломбардија.

Нарушување на здраствениот систем

Само неколку недели подоцна, италијанската Влада има во план да вложи голема сума пари во одделот на итна медицина, особено на интензивна нега, но има недостаток од 5.000 лекари, илјадници медицински сестри и друг персонал.

Досега се потврдени над 15.000 случаи, но веројатно е да има и многу повеќе заразени, без да се знае за тоа.

Луѓето кои се на терен во погодените региони предупредуваат дека можат да издржат уште неколку дена пред да пропадне здравствениот систем.

–Во овој момент правиме чуда, но не можеме да издржиме уште долго, изјави Антонио Песенти, координатор на одделот за интензивна нега во Ломбардија.

„Во рок од 15 дена го зголемивме бројот на кревети за 50 отсто”, изјави Песенти за Кориере дела Сера.

Песенти додаде дека одделот за интензивна нега е преполн. Тоа значи дека пациентите кои доживеале срцев удар или тешка сообраќајна несреќа можеби нема да имаат среќа.

Невозможно е да се продолжи со ова темпо

Барањето на дополнителен број лекари ги достигна своите граници бидејќи бројот на заразени расте брзо.

„Речиси е невозможно да продолжиме со ова темпо уште две недели”, истакна Пестени.

Експертите на телевизија прикажуваат графикони со обоени линии што означуваат раст на бројот на носители на вирусот и раст на пациенти во болниците.

Според податоците, веќе овој месец, потребата за кревети на интензивна нега може да го надмине својот капацитет.

Во средата на интензивна нега во цела Италија имало над 1.000 пациенти заразени со коронавирусот, од кои поголем број биле во Ломбардија.

Пред сегашната криза, Италија располагаше со 5.000 кревети на интензивна нега за речиси 60 милиони население. Во меѓувреме тој број се зголеми.

Селекција на пациенти

Германија, земја која има 80 милиони жители, има повеќе од 25.000 кревети на интензивна нега.

Алармантното писмо што на Фејсбук го објави Даниел Мачини, лекар од болница во Бергамо, живописно илустрира колку е драматична ситуацијата.

Ја опишува ситуацијата како во војна, битки и целосно исцрпен медицински персонал.

Неговото предупредување дека вирусот треба да се сфати сериозно, го покрена прашањето за селекција на пациентите.

Експертите сега претпазливо зборуваат за тоа на телевизија.

Во случај на недостаток на кревети и опрема во болниците, кои пациенти ќе бидат примени на интензивна нега, а кои не? За нив тоа може да значи живот или смрт.

Марија Рита Гисмондо, вирусолог во миланската болница Сачо, повика на претпазливост.

-Овде во Ломбардија не сме во војна, истакна Гисмондо.

Зошто Италија?

Ситуацијата е сериозна и нема да се реши во краток период. Гисмондо очекува подобрување дури за неколку месеци, а не за неколку недели.

Прашањето зошто Италија е толку погодена од вирусот се уште е клучно, а одговори речиси и да нема.

Неколку експерти велат дека заштитните мерки на почетокот не биле доволни и вирусот циркулирал неоткриен некое време.

Втора причина е физичкиот контакт на Италија со Кина во трговијата и туризмот.

А што се однесува на улогата што ја игра случајноста, тоа не може да се знае.

Коронавирус