петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 10
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Италијански научници открија каква клима сака коронавирусот, следниот месец под ризик овие земји

Италијански научници открија каква клима сака коронавирусот, следниот месец под ризик овие земји

Двајца италијански научници, Франческо Фиќетола и Диего Руболини од државниот Универзитет во Милано, открија дека коронавирусот, односно Ковид-19, повеќе го сака ладното и суво време, а со позабавено темпо се шири на висока температура и висока влажност.

Резултатите од истражувањето кои што се објавени на интернет страницата medRixix, го креваат алармот кај земјите од јужната хемисвера на светот (опфаќајќи ја Јужна Америка, Јужна Африка, Аустралија и Нов Зеланд) каде што пандемијата би можела да удри уште посилно во наредните месеци.

Двајцата научници до ваквиот резултат стигнале откако го проучиле ширењето на Ковид-19 во повеќе од 100 земји како и помали места во целиот свет.

Според нив инфекцијата побрзо се шири на ниска влажност и просечна температура од 5 степени. Инаку, на висока температура и висока влажност на воздухот карактеристична за тропските земји, се чини дека епидемијата се шири со позабавено темпо.

Коронавирус