недела, 31. мај 2020. Вести денес: 27
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Италијански мафијаши примале помош наменета за најсиромашните

Италијански мафијаши примале помош наменета за најсиромашните

Стотина мафијаши, членови на калабриската група „Ндрангете“, побарале и добиле социјална помош наменета за најсиромашните граѓани на Италија, кои сега ќе треба да ги вратат, соопшти италијанската полиција.

Според калабриската полиција, меѓу 101-те мафијаши кои добиле помош, има и многу богати луѓе блиски до „кумот“ на „Ндрангете“ кои имаат висока хиерархиска должност во организацијата.

Меѓу корисниците на таа помош е и Алесандро Панунци, син на „италијанскиот Пабло Ескобар“ Роберт Панунци и зет на еден од главните колумбиски производители на кокаин, се наведува во соопштението, пренесува АНСА.

„Италијанските и американските иследници едногласно го сметаат Роберт Панунци за водечки „светски брокер на кокаин, кој се фали дека не брои пари, туку ги мери на вагата“, се посочува во написот.

Полициската истрага опфати повеќе од 500 осомничени, но само стотина ќе треба да ја вратат нерегулираната социјална помош, во вкупна вредност од околу 516.000 евра. За социјална помош италијанските власти наменија по 780 евра месечно .

Коронавирус