четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 126
home Вести

Италијански хакер под истрага поради напади врз сајтови на НАСА, полицијата, РАИ

Италијански хакер под истрага поради напади врз сајтови на НАСА, полицијата, РАИ

Италијанските власти соопштија дека неименуван 25-годишен човек е под истрага поради хакирање осум сајтови на НАСА во 2013 година.

Осомничениот за кого се верува дека е припадник на италијанската хакерска група Master Italian Hackers Team, се фалел за своите напади на социјални мрежи.

Освен тие сајтови тој хакирал и 60 италијански официјални сајтови меѓу кои и на РАИ, Кривичната полиција и локалните власти во Тоскана. Осомничениот е од градот Сало на север во Италија и признал дека ги хакирал сајтовите. (МИА)

Коронавирус