понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 106
home Вести

Италијанската Влада одобри нов пакет мерки за поддршка на компаниите

Италијанската Влада одобри нов пакет мерки за поддршка на компаниите

Италијанската Влада одобри нов пакет мерки во вредност од околу 10 милијарди евра за поддршка на компаниите погодени од вториот бран на пандемијата на коронавирус.

Според мерките одобрени доцна синоќа, Рим веднаш ќе понуди 1,95 милијарди евра грантови за компаниите погодени од вирусот и ќе помогне во обезбедување храна за сиромашните.

Владата подготви и дополнителни осум милијарди евра за зајакнување на постојните шеми за помош.

Во претходните 24 часа во Италија беа регистрирани 37.242 нови случаи на коронавирус и 699 смртни случаи.

Во Италија годинава се очекува пад на економијата за најмалку девет проценти поради мерките насочени кон борба против епидемијата. 

Коронавирус