недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 80
home Вести

Италијанската Влада доби глас на доверба во Сенатот

Италијанската Влада доби глас на доверба во Сенатот

Италијанската Влада денеска доби глас на доверба во Горниот дом на Парламентот откако Сенатот  го одобри контроверзниот предлог-закон.

Гласањето за предлог-законот истовремено беше и гласање за доверба на Владата. Тоа обично се прави со цел да се избегнат долги дискусии во Парламентот за одреден законски проект.

Разработениот и предложен предлог- закон од вицепремиерот и лидер на десничарската Лига Матео Салвини предвидува строги имигрантски правила, го ограничува правото на азил и го дополнува постојниот закон против тероризмот и мафијата.

Сенатот го усвои проект-законот со 163 гласа „за“, 59 „против“, меѓу кои и членови на  Движење Пет ѕвезди, кои не го поддржаа.

Доколку не се усвоеше законот, на Владата ќе и се наложеше да поднесе оставка. Одлуката да се побара гласање за доверба, ги покажува постојните тешкотии во владината коалицијата.

Доаѓањето на власт во јуни на коалицијата Движењето Пет ѕвезди и Лигата, си постави за цел да стави крај на пристигнувањето на нелегалните мигранти.

МИА

Коронавирус