понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Италијанската Влада бара одобрение за нови трошења

Италијанската Влада бара одобрение за нови трошења

Италијанска Влада бара од Парламентот да одобри огромни износи за нови трошења, со што драстично ќе се зголеми државниот јавен долг на земјата која е една од најпогодените од епидемијата на Ковид-19.

Кабинетот на премиерот Џузепе Конте донесе одлука за ревидиран буџет за оваа година, за кој се потребни 55 милијарди евра долг, 24,85 милијарди наредната година и долг со слична висина уште неколку години. Буџетот мора да го одобри Парламентот.

Владата наведува дека мора да го зајакне националниот здравствен систем, чии оддели за интензивна нега ги преоптовари огромниот број пациенти со коронавирус, како и да обезбеди дополнителни средства за службите за спроведување закони и цивилна заштита во вонредни ситуации.

Повеќе средства ќе бидат издвоени и за приватниот и за јавниот економски сектор и за безбедносни услови за работниците кои се враќаат на работа после укинувањето на мерките кои сега траат веќе седум недели.

Коронавирус