недела, 22. септември 2019. Вести денес: 36
home Вести

Италијанската полиција заплени 11 кг хероин прошверцуван преку Албанија

Италијанската полиција заплени 11 кг хероин прошверцуван преку Албанија

Италијанската полиција во селото Алгеро, на островот Сардинија  заплени 11 килограми хероин, што е најголема досега заплената количина од овој вид дрога, во последните петнаесет години во овој регион.

Дрогата била пакувана во пакетиња од по еден килограм, вакуумирани, залепени и скриени помеѓу камењата на стар ѕид, покрај морскиот брег.

Според италјанската полиција доколку дрогата би стигнала на нарко-пазарот, би достигнала вредност од осум милиони евра.

Италијанските медиуми наведуваат дека дрогата била произведена во Пакистан и според истражителите, минала преку Албанија и пристигнала во Италија, каде што еден дел бил продаден, а остатокот бил префрлен во Сардинија.

Полицијата се сомнева дека речиси иста колична, а можеби   и поголема е продадена на мало.Истрагата продолжува.

МИА