среда, 2. декември 2020. Вести денес: 214
home Вести

Италијанската мафија смисли како да „работи“ и во услови на корона

Италијанската мафија смисли како да „работи“ и во услови на корона

Мафијашките групи се обидуваат да допрат до некои компании кои сега се соочуваат со тешкотии и чекаат финансиска помош, вели Роберто Савијано, кој е автор на книга посветена на делувањето на неаполската криминална група „Камора“.

– Станувате партнери бидејќи сте „загризале“. Тоа не е исто како кога некој би ви дошол со пиштол, туку станува збор за финансиски советници во одреден момент“, додава Савијано.

Според неговите искази, доколку Европа не интервенира, на неконтролиран начин ќе се размножи мафијашкиот капитал кој се наоѓа во Германија, Франција, Шпанија и Белгија.

Покрај тоа што им делат храна на најсиромашните, тие на барање на „Камора“ ја укинаа каматата за позајмени пари.

Зошто? За да добијат нешто за возврат… вели Савијано, кој во моментов живее во Њујорк, а претходно имаше и полициска заштита по издавањето на неговата книга во 2006 година поради голем број закани кои пристигнаа на негова адреса.

Коронавирус