четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 127
home Вести

Италијанката, излекувана од коронавирус, сега ја споделува нејзината приказна со една единствена цел

Италијанката, излекувана од коронавирус, сега ја споделува нејзината приказна со една единствена цел

Даниела Де Роса е ветеринарен лекар и еден од првите потврдени случаи на коронавирус, во Авелино, Италија. Сега таа откако го победи вирусот, реши да ја сподели својата приказна со останатите.

Одделена во соба, во која е сосема сама, со кратки посети од лекарите, Даниела, респираторот го нарекува својот најдобар пријател и му благодари на Бог за тоа што успеала да се излекува и да може да се врати на нејзиното семејство.

Сега таа ја споделува нејзината приказна со останатите само една единствена цел, да ја крене свеста!

„Добра вечер на сите!

Јас сум Даниела Роса, ветеринарен лекар во италијанската провинција Авелино. Јас сум еден од првите позитивни случаи на коронавирусот во мојот град. Сакам да ви објаснам зошто сега сум тука и најмногу од сè, сакам да испратам апел до оние, кои сакаат да слушнат, не само да чекаат. Се извинувам доколку повредам нечија чувствителност со мојот изглед, но решив да се појавам токму ваква, бидејќи доколку беше само напишано, мојата порака немаше да биде пренесена на истиот начин, на кој реално сакам да ја претставам.

Поради тоа колку долго време сум изолирана во една соба во болницата, веќе не ги бројам деновите.
Не можам да ги отворам прозорците, немам контакт со никого. Еднаш на ден лекарите доаѓаат да ми ги направат сите прегледи, еден пат да ми донесат ручек и еднаш вечера, а храната ми ја оставаат на количка пред врата.

Вирусот провоцира двострана пневмонија со силно отежнато дишање. Јас сум жена на 43 години, бев во одлично здравје пред да ми се случи ова. Во еден миг се најдов врзана за овој респиратор во битка со смртта и коронавирусот. По смртта на мојот татко, ова ми беше најтешкото кое требаше да го преживеам. Се борев за да можам да се вратам назад на моите деца и семејството.

Нема зборови со кои можам да опишам што преживеа моето тело, душа и ум. Можам само да кажам едно нешто, додека не се почувствуваш беспомошен и близу до смртта, никогаш не можеш да го разбереш ова чувство.

Ете ова е мојата порака по бројни безмилосни денови со отежнато дишање, но многу луѓе сè уште не можат да разберат за што станува збор. Може се глупави или не се доволно исплашени. Токму затоа јас сум сега пред вас, ако можете да ми ја видите болката во очите.

Малку дисциплина, претпазливост и човечност не чинат ништо.
Имаше многу пропусти, но и покрај сè, сето зависеше од нас самите. Колку од нас не ги запазија препораките? Колку од нас знаеја, дека треба да бидат под карантин, но сепак свесно не се почувствуваа должни тоа да го направат. Ете токму затоа сега сме во ваква ситуација.

Секој од нас ова треба да го направи за себеси. Бесмислено е да ја префрламе вината на институциите, ако сме разбрале дека сме пренесувачи на вирусот, а во исто време одиме на работа и пазаруваме. Сите сме виновни од различни аспекти, но највеќе, оние кои ова го разбраа и покрај сето тоа, продолжија да не ја почитуваат изолацијата.

Секој требаше сам да ја спроведе препораката, но малкумина го направија и уште мал број тоа го почитуваат. Ете затоа ви го покажав лицето и истото не е ни малку убаво. Тука, овде во оваа просторија со респираторот, кој е мој единствен пријател и кој ми го спаси животот, заедно со лекарите и љубовта на Бог.

Ви благодарам на сите и се извинувам доколку сум ве загрижила, но само сакам да ја кренам вашата свест!“

Коронавирус