вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Италијанка наполнилa 109 години: Ги преживеала двете светски војни, две епидемии, а го преживеа и коронавирусот

Италијанка наполнилa 109 години: Ги преживеала двете светски војни, две епидемии, а го преживеа и коронавирусот

Лисета Форнари од Италија, која преживеала две светски војни и три епидемии, денеска наполни 109 години, во строга изолација, чувајќи се од вирусот Ковид-19.

Лисета, која е родена на 15 април 1911 година, како шестгодишно дете заболела од шпанска треска, но се излекувала, а сега е во изолација за да се заштити од новиот вирус, пишува италијанскиот весник „Република“.

Таа вели дека во текот на Втората светска војна „барем имало меѓучовечки односи, а не како сега“ кога е изолирана и не е во можност да ја користи технологијата за да комуницира, но изразува надеж дека 110.роденден ќе го прослави со забава.

Нејзината тајна за долговечност се лесни оброци со чаша вино, без цигари и стрес, но и со став дека секој ден е како подарок.

Италија е една од најтешко погодените земји од пандемијата на Ковид-19 од која досега во земјата починаа повеќе од 21.000 луѓе.

Локални избори 2021