четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 123
home Вести

Италија во паника, за еден ден 2.500 заболени од коронавирус

Италија во паника, за еден ден 2.500 заболени од коронавирус

Аларматни се бројките за нови заразени од коронавирусот во Италија.

Во последните 24 часа се регистрирани 2.548 нови случаи со коронавирус.

Ова е првпат од крајот на април, дневниот број на новозаболени да надмине 2.000, соопшти Министерството за здравство.

Уште 24 пациенти починаа од последниот ден, што е нешто повеќе од претходниот ден кога имаше 19.

Се појави загриженост во оваа земја.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте, најави дека ќе побара од Парламентот да усвои продолжување на вонредната состојба до 31 јануари и дека ќе побара таков статус за целата држава.

Во Италија скоро 36.000 луѓе починаа од коронавирусот.

Коронавирус