четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Италија следната недела го прекинува осумнеделниот карантин

Италија следната недела го прекинува осумнеделниот карантин

Голем број европски земји полека ги олабавуваат мерките за заштита од корона вирусот.

По два месеци строг карантин во Италија и отсеченост од најблиските, тамошниот премиер Џузепе Конте најави дека строгите рестрикции за движење нема да важат од 4-ти мај.

Ваквите вести со радост ги примија и нашинците во Италија. Македонската Доротеја Черезони вели она што најмногу им недостигаше беше дружбата, прошетките и семејството.

Ограничувањата на движење по 45-дневен домашен карантин се олеснуваат и во Шпанија. Од денеска им се овозможи излез на децата до 13-годишна возраст кои ги преполнија парковите и игралиштата.

Британскиот премиер Борис Џонсон за прв пат излезе во јавноста по успешно извојуваната битка со КОВИД-19. Тој истакна дека ова е најголемиот предизвик за цела Велика Британија по Втората светска војна.

Русија, пак, ја надмина Кина по бројот на заразени од корона. Бројката на инфицирани надмина 87 илјади – од нив околу 6000 се регистрирани само во изминативе 24 часа. Во САД има безмалку 1 милион заразени од КОВИД-19 и над 56.000 жртви. Се подготвува план за подобрување на протоколите за работа во фабриките за да се ублажи ударот врз американската економија.

Глобалниот корона биланс изнесува над 3 милиони заразени, 210 илјади жртви и околу 900 илјади оздравени пациенти.

ЕУРО 2020

Македонија