сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 70
home Вести

Италија се тресе: 9 земјотреси за неколку часа, луѓето во паника

Италија се тресе: 9 земјотреси за неколку часа, луѓето во паника

Земјотрес со јачина од 5,3 степени по Рихтер го погоди регионот Молизе во јужна Италија.

Потресот бил во близина на Монтелчифоне на длабочина од 10 километри и направи помала материјална штета. Распукале неколку куќи, има оштетени тераси.

Иако без поголема материјална штета, луѓето во паника бегале од своите домови, а едно дете се повредило кога во страв скокнало од тераса, пренесува АП.

Протипожарната служба соопштила дека немало повици за спасување во подрачјето на епицентарот и истакнале дека забележана е само помала материјална штета.

Според податоците на италијанскиот сеизмолошки завод тој регион за само неколку часа бил погоден од 9 земјотреси од кои најсилниот бил 5,1 степен, додека останатите биле со јачина од околу 4 степени.

Коронавирус