среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 86
home Вести

Италија подготвува поригорозни мерки

Италија подготвува поригорозни мерки

Италијанската Влада ја разгледува можноста за воведување на построга забрана за движење откако податоците на телекомуникациските компании покажаа дека преголем број се движат.

– Во Ломбардија, регионот најпогоден од епидемијата со Ковид-19, 40 проценти од луѓето се движаат наоколу, изјави вчера регионалниот претставник на Министерството за здравство, Џулио Галера.

Тој додаде дека податоците ги отстапиле телекомуникациските оператори и ја отфрли тезата дека се работи за повреда на приватноста бидејќи се работи за анонимни податоци.

Италијанскиот министер за спорт Бинцензо Спадафора истакна дека Владата разгледува нови мерки, како забрана за џогирање, поради тоа што „многу луѓе ги потценуваат ризиците“.

Цела Италија е во карантин од 10 март и луѓето не смеат да ги напуштаат домовите освен во случај да купуваат хана и лекови. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во периодот од 11 до 17 март полицијата запрела повеќе од еден милион луѓе и поднела прекшочни пријави против речиси 45.000 лица порадио кршење на правилата за движење.

Коронавирус