недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

ИТАЛИЈА ПО ВТОР ПАТ ГО ПРЕЖИВУВА МАРТ: Пеколна статистика на новозаразени лица, оваа бројка ќе ја препрочитувате во неверување

ИТАЛИЈА ПО ВТОР ПАТ ГО ПРЕЖИВУВА МАРТ: Пеколна статистика на новозаразени лица, оваа бројка ќе ја препрочитувате во неверување

Италија во изминатите 24 часа регистрираше 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство, што е највисока бројка за еден ден од почетокот на епидемијата во земјата.

Министерството, исто така, соопшти дека од Ковид-19 починале уште 221 лице, за разлика од 141 вчера, со што за првпат во Италија се регистрирани повеќе од 200 смртни случаи во еден ден од средината на мај.

Во Италија од ковид-19 починале вкупно 37.700 лица, а досега се регистрирани 564.778 заразени.

Северната провинција Ломбардија, со финансискиот центар Милано, сè уште е најтешко погодена, и денеска се пријавени 5.035 нови случаи. Втора најтешко погодена е јужната провинција Кампанија, која денеска регистрира 2.761 случај.

Коронавирус