сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 3
home Вести

Италија од почетокот на пандемијата регистрирани се над 80.000 смртни случаи

Италија од почетокот на пандемијата регистрирани се над 80.000 смртни случаи

Во изминатите 24 часа во Италија регистрирани се 507 смртни случаи од последици од Ковид-19, и 15.000 новозаразени луѓе.

Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата во Италија се искачи над 80.000 луѓе.

Во десет од 20 италијански региони епидемиолошката ситуација е тешка, а бројот на пациенти во одделенијата за интензивна нега, на национално ниво, е над критичкната точка.

Ковид пациентите заземаат повеќе од 30 отсто од вкупно расположливите болнички кревети.

Вонредната состојба во Италија е продолжена до 30 април. Италијанската Влада на синоќешната седница усвои нов пакет ковид мерки што вечерава стапуваат во сила. Останува во сила поделбата на регионите на три бои: жолта, портокалова и црвена во согласност со епидемиолошката ситуација, како и забраната за меѓуградски и меѓурегионален сообраќај, полицискиот час од 22 до пет часот на целата територија.

Коронавирус