вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 119
home Вести

Италија: Нови 71 смртен случај од коронавирус, осум региони без новозаболени

Италија: Нови 71 смртен случај од коронавирус, осум региони без новозаболени

Во Италија од коронавирус во изминатите 24 часа починаа 71 лице, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Во осум од 20 италијански региони вчера не е забележан ниту еден нов случај на коронавирус. Бројот на заболени е зголемен на 321 лице во однос на претходниот ден кога имало 318.

Од почеток на пандемијата во Италија починаа 33.601 лице што според бројот оваа земја ја става веднаш зад САД и Велика Британија.

Бројот на заразени лица со коронавирус е 233.836 што е најмногу по САД, Бразил, Русија, Шпанија и Велика Британија.