сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 10
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Што мисли Заев за Црвенковски и колку е Заев богат?

home Вести

Италија ни после 15 јуни нема да ги отвори границите за земјите надвор од ЕУ

Италија ни после 15 јуни нема да ги отвори границите за земјите надвор од ЕУ

Ниту после 15 јуни Италија нема да дозволи странците од земјите што не се членки на ЕУ да влезат во земјата, најави денеска шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо.

-Наша обврска е да ги заштитиме животите и здравјето на нашиот народ, рече Ди Мајо во интервју за телевизијата „Рете4“.

Тој посочи дека, истовремено, Италија се залага слободата на патување во Европа да почне од 15 јуни.

-Франција и Германија ми ветија дека слободата на патување за европските граѓани ќе биде загарантирана од 15 јуни, рече Ди Мајо, кој пред два дена телефонски разговараше со францускиот колега Жан-Ив ле Дријан.

Шефот на италијанската дипломатија денеска ќе биде во Берлин, како што е најавено, каде ќе се сретне со германскиот министер за надворешни работи Хеик Мас.

Ди Мајо изрази надеж дека Италија ќе може да ја убеди Австрија да ги отвори своите граници за неговата земја.

-Австрија не е загрижена за Италија, туку само за одредени региони. Ние со факти ќе се бориме против оваа загриженост, рече тој.

Австриската Влада вчера ги отвори своите граници и од полноќ ги укина мерките за карантин за сите соседи, освен за Италија.

Парламентарни избори 2020