недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Италија ќе издвои 30 милиони евра за да го олесни тестирањето за Ковид-19

Италија ќе издвои 30 милиони евра за да го олесни тестирањето за Ковид-19

Италијанската Влада издвои 30 милиони евра за да се олесни тестирањето за вирусот Ковид-19 во ординациите на општите лекари и педијатри, како дел од новите мерки за помош, изјави денеска премиерот Џузепе Конте.

Ова е опфатено со нова владина уредба со која се одобрува помош на секторите погодени од новите ограничувања воведени поради епидемијата на коронавирус, пренесува италијанската агенција АНСА.

Конте рече дека пакетите за помош се прилагодени на тоа колку е погоден секој сектор.

Теретаните, базените, кината и театрите беа затворени поради зголемување на бројот на новозаразени.

Конте рече дека се преземени мерки за да се спречи нова општа блокада што ќе предизвика незамислива економска штета.

Тој додаде дека е неопходна нова регулатива, во спротивно, „епидемијата ќе излезе од контрола“.

Италија вчера забележа рекордни 22.000 нови случаи на коронавирус и 221 смртни случаи од Ковид-19.

Коронавирус