недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Италија и Малта спорат кој да прими брод со 450 мигранти

Италија и Малта спорат кој да прими брод со 450 мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини изјави дека брод со 450 мигранти, за кој се смета дека е во малтешки води, не може да дојде во Италија.

– Малта, трговците со мигранти и хуманитарците од цела Италија и од целиот свет да знаат дека овој брод не може и не треба да дојде во италијанско пристаниште, напиша Салвини на Твитер.

Министерството за внатрешни работи на Малта соопшти дека бродот се наоѓал на 53 наутички милји од италијанскиот остров Лампедуса и 110 наутички милји од Малта, кога Координативниот центар за поморско спасување во Рим ги известил властите на Малта.

Министерството додаде дека луѓето на бродот изразиле желба да одат во Лампедуса, и бидејќи бродот бил на отворено море, Малта не може „да им кажува што да прават“. (МИА)

Коронавирус