недела, 16. декември 2018. Вести денес: 33
Во живо

Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Велес

home Вести

Италија ги укинува монетите од еден и два цента

Италија ги укинува монетите од еден и два цента

Италија од денеска престанува да ги користи монетите од еден и два цента, според одлука на парламентарната Комисија за буџетски прашања.

Отстранувањето на ситните монети ќе заштеди годишно околу 20.000 евра. Итлијанската Влада троши милиони евра за производство на ситни монети откако го воведе еврото во 2004 година.

Според оваа мерка, сите цени во Италија ќе бидат заокружени до најблиската вредност, завршувајќи на пет или нула.

И други земји во Европската унија, како Германија, планираат да се откажат од монетите од еден и два цента.