сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 25
home Вести

Италија ги преживува најтешките моменти од нејзиното постоење – Во текот на денешниот ден од коронавирусот починале 627 лица

Италија ги преживува најтешките моменти од нејзиното постоење – Во текот на денешниот ден од коронавирусот починале 627 лица

Бројот на новозаразени со новиот коронавирус во светот секојдневно расте, а особено застрашувачка е бројката во Италија.

Имено, последните податоци во бројка говорат дека во текот на денешнит ден во Италија вкупно се заразиле 5.986 лица, а во меѓувреме бројот на починати од коронавирусот денеска се искачи на 627 лица.

Италијанските власти велат дека тоа е зголемување од 18,4 проценти на смртните случаи, со тоа што Италија од вчера е држава со најголем број смртни случаи од Ковид-19.
Претходно, најголем број смртни случаи за еден ден во Италија беше 475, додека во Кина бројот на смртни случаи за еден ден не надмина 150.

Вкупниот број потврдени случаи во Италија се искачи на 47.021 од 41.035 претходниот ден, што претставува зголемување за 14,6 проценти. Зголемување на бројот на заразени има во централниот и јужниот регион, особено во Лацио, Кампанија и Пуља.

Болниците во централна и јужна Италија се подготвуваат да прифатат нови пациенти заразени со вирусот Ковид-19 бидејќи нивниот број се зголемува секој ден, особено во трите региони.
Во исто време, здравствените установи во јужна Италија, вклучително и туристичкиот центар Пуља, предупредуваат дека тие не се опремени, како болници во економски посилниот дел на земјата на северот.

Според податоците на италијанската цивилна заштита, бројот на заразени лица се зголемил од 102 на 823 во Лацио од 9 до 19 март, од 120 на 652 во Кампанија, од 50 на 478 во Пуља, од 54 на 340 во Сицилија и во Калабрија од 11 на 169.

Зголемувањето на бројот на заразени во јужните италијански региони се проценува дека се должи на илјадниците кои избегаа од Ломбардија на север на земјата, откако таму беа објавени мерки за карантин, што наскоро беа проширени за целата земја.

Коронавирус