понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 136
home Вести

Италија ги ограничува услугите што им се нудат на барателите на азил

Италија ги ограничува услугите што им се нудат на барателите на азил

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини објави ограничување до минимум на услугите што ги добиваат 136.000 баратели на азил кои во моментов се наоѓаат во Италија.

Наредбата на министерот доаѓа заедно со нов договор со одделот за борба против корупција за подобро следење на користењето на средствата од страна на приватни структури откако биле откриени многу злоупотреби.

Досега, јавните набавки објавувани од страна на регионалните власти во однос на барателите на азил предвидуваа од 30 до 35 евра дневно по лице и до 45 евра за луѓето од ранливите категории. Тоа изнесуваше речиси три милијарди евра годишно расходи за државата.

Од сега натаму, на кандидатите за азил ќе им се гарантираат само основните услуги. Услугите кои се поврзани со интеграција – часови по италијански јазик, професионална обука, средби со психолози – ќе добиваат само лицата кои добиле дозвола за престој.

Според локалните медиуми, со новите мерки се очекува буџетот за барател на азил да се намали на околу 20 евра дневно.

На почетокот од јули, Салвини испрати писмо до комисиите кои се занимаваат со барања за азил. Тој повика на забрзување на постапките и ограничување на дозволите за престој од хуманитарни причини.

Од околу 81.500 одлуки донесени од овие комисии во 2017 година, осум проценти добиле азил, осум проценти субвенционирана заштита, 25 проценти дозволи за престој од хуманитарни причини и 58 отсто биле одбиени.

МИА

Коронавирус