Бројот на новозаразен во последните 24 часа во Италија е речиси за шест илјади помалку. Вкупно заболени се 28.337 лица, a намален е и бројот на починати.
-Италија овие денови ги бележи прите знаци на намалување на растот на коронавирусот, но ситуацијата и натаму е сериозна. Приливот на нови пациенти во болниците се уште е голем и мерките кои е на сила не може да се ублажат, вели италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанза.
И натаму е тешка состојбата на одделениета на интензивна нега, каде во моментов се лекуваат 3.800 пациенти.
Од владиниот научно-технички комитет, тело кое ја следи и анализира епидемиолошката состојба, предупредуваат дека во јануари Италија би можела да биде погодена од трет бран на Ковид-19.