Дневен весник и ТВ станици во вредност од над 150 милиони евра, кои припаѓаат на издавачот и уредник на сицилијанскиот весник „Ла Сицилија“ се запленети денеска при истрага која се води против мафијата.
Судот во Катанија нареди конфискација на имотот на Марио Чанчо Санфилипо, по што е конфискувана целата негова медиумска група, вклучувајќи го „Ла Сицилија“ и мнозинската сопственост во дневниот весник „Ла газета дел мецоџорно“, како и две регионални ТВ станици.