среда, 16. октомври 2019. Вести денес: 142
home Вести

Италија денеска добива нова влада

Италија денеска добива нова влада

Во Рим денеска ќе стапи на должност новата италијанска Влада на чело со досегашниот премиер Џузепе Конте.

Инаугурацијата на владата ќе се оддржи претпладнево во претседателската палата, јавуваат британските медиуми.

Новата влада ќе ја сочинуваат Движењето пет ѕвезди, членка на досегашната владеачка коалиција, и опозициската Демократска партија.

Формирањето на новата влада доаѓа по распадот на досегашната коалиција на Движењето пет ѕвезди и десничарската Лига на Матео Салвини, кој сакаше нови избори, надевајќи се дека би можел на нив да добие мнозинство доволно за Лигата сама да формира влада, а со оглед на големата популарност што во моментов лично ја ужува заради својката антиимигрантска и анти-ЕУ политика. (МИА)