Од северниот дел на Сирија денеска се истрелани ракети кон турскиот пограничен град Рејханли и притоа загина тинејџерка, а едно лице е повредено.
Турски медиуми јавија дека од правец на Сирија биле истрелани две ракети кои погодиле куќа во тој град.
Тоа е нов напад врз тој пограничен турски град од 20 јануари кога турската армија започна прекугранична операција за протерување сириски курдски војници од северната енклава Африн.