недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Истражување: Во Италија шестпати е поголем бројот на заразени лица со Ковид-19 од официјалната статистика

Истражување: Во Италија шестпати е поголем бројот на заразени лица со Ковид-19 од официјалната статистика

Постои веројатност и до шестпати повеќе луѓе од официјалниот број да бидат заразени со Ковид-19 во Италија, се наведува во истражувањето објавено од италијанската Влада.

Студијата е спроведена од 15 мај до 15 јули со тестирање на 64.660 испитаници, одбрани како репрезентативен примерок.

Според студијата спроведена од здравствените служби и Заводот за статистика „Истат“, откриено е дека 1,5 милиони луѓе, односно 2,5 проценти од жителите на Италија биле во можност да развијат антитела на новиот коронавирус.

– Бројот од 2,5 проценти се чини мал, но може да се претвори во нешто проблематично ако не внимаваме, изјави директорот на „Истат“, Карло Блангиардо.

Италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанза истакна дека мерките за ограничување се важни и дека Владата на Италија ќе продолжи со внимателна и строга политика.

Студијата исто така покажа значителни регионални разлики во однос на антитела.

Во Ломбардија, најпогодениот регион во Италија, 7,5 отсто од населението имаат антитела, додека во Јужна Италија помалку од еден процент од населението има развиено антитела.

Во последните неколку месеци, бројот на нови случаи во Италија драстично се намали. Земјата што на почетокот на пандемијата во март имаше и до 6.000 нови случаи на дневно ниво, сега има нешто повеќе од сто случаи дневно.

Коронавирус