среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 140
home Вести

Истражување: Вакцината против Ковид-19 го намалува ризикот од пренесување вирусот

Истражување: Вакцината против Ковид-19 го намалува ризикот од пренесување вирусот

Неодамнешна студија направи прв чекор кон одговарање на важно прашање во врска со вакцините против Ковид-19, откривајќи дека луѓето кои се вакцинирале имаат помало вирусно оптоварување и затоа се помалку заразни од оние кои не го направиле тоа, јави агенцијата ДПА.

Клеменс Вендтнер, експерт од болница во Минхен, денеска изјави дека резултатот е „повод за надеж“, иако студијата спроведена од израелски научници сè уште не е рецензирана.

Иако е научно докажано дека вакцинацијата ги штити луѓето од Ковид-19, белодробно заболување предизвикано од новиот коронавирус, не е сигурно дали вакцинираните лица сè уште можат да се заразат и да го пренесат самиот вирус.

Научниците околу истражувачот Идан Јелин од Институтот за технологија во Хаифа ги разгледале резултатите од лабораториските анализи на 5.800 заразени лица, од кои половина ја примиле вакцината на Фајзер/Бионтек.

Тимот открил дека пациентите кои биле вакцинирани произвеле четири пати помалку честички од вирусот 12 до 28 дена по вакцинацијата отколку оние кои не добиле инекција.

„Вакцината BNT162b2 не доведува само до индивидуална заштита на вакцинираното лице во врска со болеста Ковид-19, туку може да се претпостави дека со доволно вакцинирање на популацијата, може да има и одредена заштита на населението во смисла на вакцина-базирана врз имунитет на стадо, рече Вендтнер.

Тој додаде дека не е јасно дали вирусите откриени кај заразените, а вакцинирани лица, се заразни или се работи за мртви лушпи. Потребни се повеќе истражувања во врска со ова прашање, рече тој.

ЕУРО 2020

Македонија