недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Истражување: Рестриктивните мерки во светот спречиле милиони смртни случаи од Ковид-19

Истражување: Рестриктивните мерки во светот спречиле милиони смртни случаи од Ковид-19

Мерките за рестрикции низ целиот свет спречија милиони смртни случаи од новиот коронавирус, покажува ново истражување.

Според истражувањето на Империјал колеџ во Лондон, рестриктивните мерки и затворањето на деловните згради, продавниците и училиштата може да спасиле околу три милиони животи во 11 земји – Австрија, Белгија, Велика Британија, Данска, Франција, Германија, Италија, Норвешка, Шпанија, Шведска и Швајцарија.

Друга студија, спроведена во САД, заклучи дека мерките за карантин во Кина, Франција, Иран, Италија, Јужна Кореја и САД спречиле уште 530 милиони случаи од Ковид-19.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера предупреди дека, се подобрува ситуацијата во Европа, но се влошува во другите делови на светот.

– Повеќе од 100.000 нови случаи се пријавени во изминатите 9 или 10 денови. Вчера беа пријавени повеќе од 136.000 случаи, најмногу во еден ден досега, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Локални избори 2021