понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 189
home Вести

Истражување: Производителите на електроника не можат да најдат квалификувани работници

Истражување: Производителите на електроника не можат да најдат квалификувани работници

Речиси на четири од пет производители на електроника им е се потешко да најдат квалификувани работници, покажуваат резултатите од истражувањето на глобалната Асоцијација на производители на електронски компоненти – ИПЦ врз основа на проблемите со недостиг од чипови и доцнење на испорака.

Околу 80 проценти од испитаниците во последното истражување одговориле дека имаат проблеми со наоѓање работници, а повеќе од две третини, исто така, истакнуваат дека трошоците за работна сила се зголемуваат, соопшти ИПЦ.

Асоцијацијата ги претставува производителите како Фокскон, но и гиганти како Интел, и производители на печатени плочки и други компании во индустријата за електроника. Недостатокот на работна сила е најизразен во Северна Америка и Европа и компаниите најверојатно ќе треба да ги зголемат платите за да привлечат работници, наведува главниот економист и истражувачки лидер на ИПЦ, Шон Дубравак.

Повеќе од една третина од компаниите велат дека овозможуваат пофлексибилно работно време или дополнителна обука и едукација. Проблемите со работната сила се совпаднаа со глобалниот недостиг на чипови, за кои испитаниците од ИПЦ проценуваат дека нема да се ублажат пред втората половина на 2022 година.

Локални избори 2021