четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 97
home Вести

Истражување: Новата варијанта на Ковид-19 го кренал „R – индексот“ за 0,7

Истражување: Новата варијанта на Ковид-19 го кренал „R – индексот“ за 0,7

Новата варијанта на Ковид-19 е „масовно“ попренослива од претходната верзија на вирусот, ги пренесува Би-Би-Си наодите на научна студија.

Во неа се наведува дека новата варијанта го зголемува бројот – R помеѓу 0,4 и 0,7.

Моментално, тој јиндекс во Велика Британија помеѓу 1,1 и 1,3. Ккао што велат лекарите, е тој да биде под 1,0 за да започне да паѓа бројот на случаи.

Проф. Аксел Ганди од лондонскиот империјален колеџ изјавил дека разликите меѓу двата типа на вируси се „доста екстремни“.

„Постои огромна разлика во тоа колку лесно се шири новиот тип вирус“, рекол тој за програмата на радио BBC.

Студијата на Империјал колеџ сугерира пренесување на новата варијанта тројно повеќе за време на строгите мерки во Англија во ноември.

Случаите со Ковид-19 започнаа брзо да се зголемуваат за време на вториот бран, а бројот на случаи забележани во еден ден достигна ново највисоко ниво во четвртокот.

Иако првичните резултати покажале дека вирусот се шири побрзо кај помлади од 20 години, испитувањата што следеле покажале дека новиот вирус има зголемена инфективност кај сите возрасни групи.

Коронавирус