петок, 17. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Истражување: Луѓето кои повторно ќе се заразат со корона имаат полесни симптоми

Истражување: Луѓето кои повторно ќе се заразат со корона имаат полесни симптоми

Луѓето кои по втор пат ќе се заразат со коронавирусот SARS-CoV-2 веројатно ќе имаат помалку вирусни патогени во себе што значи и поблаги симптоми, покажа истражување во Англија.

Според податоците на Канцеларијата за национална статистика (ONS), којашто го спроведе истражувањето, од 19.470 луѓе кои прележале COVID-19, потврдени се 195 случаи на повторно заразување со вирусот.

Анализите исто така откриле дека 99% од позитивните, посериозни случаи откриени во јули се поврзани со делта сојот, во споредба со 92% од јуни и 46% од мај.

Се наведува дека луѓето кои имаат посилен позитивен тест имаат поголема количина патогени и поголема е веројатноста да имаат класични симптоми како кашлица, мачнина и главоболка, а не само губење на осетот за мирис и вкус или гастроинтестинални проблеми како болки во стомакот, дијареја и повраќање.

Истражувањето утврдило дека една од четири помлади личности кои се позитивни на ковид повеќе не ги почитуваат правилата за самоизолација.

Коронавирус