недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Истражување: Лекување заразени со Ковид-19 со крвна плазма од оздравени е од мала корист

Истражување: Лекување заразени со Ковид-19 со крвна плазма од оздравени е од мала корист

Употребата на крвна плазма од оздравени од коронавирусот за третман на пациенти е од мала корист, според најновото клиничко истражување спроведено во Индија.

Резултатите од истражувањето беа објавени во британското медицинско списание BMJ и покажаа дека третманот со крвна плазма не ја намалува или спречува смртноста од Ковид-19.

Студијата е спроведена врз основа на 464 хоспитализирани пациенти со Ковид-19 и покажала дека третманот со плазма има многу мал ефект врз дузбивање на вирусот.

Студијата е извршена со поделба на заразените пациенти во две групи – едната примила две трансфузии од рековалесцентна плазма, во период од 24 часа, со најдобра стандардна нега, а другата само најдобра стандардна нега.

По седум дена, некои симптоми како што се дишењето и заморот се подобриче кај пациенти третирани со плазма, но бројот на смртни случаи не се намалил.

Коронавирус