сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 73
home Вести

Истрага за корупција со вакцини: Илjадници Бразилци протестираа против претседателот Болсонаро

Истрага за корупција со вакцини: Илjадници Бразилци протестираа против претседателот Болсонаро

Илјадници Бразилци синоќа излегоа на улиците на повеќе од 110 градови низ земјата против политиката на претседателот Жаир Болсонаро за коронавирусот, откако Врховниот суд дозволи да се отворат истраги против него за наводи за корупција поврзани со нарачки за вакцини, јави ДПА.

Демонстрантите повикаа и на забрзана кампања за вакцинација, јави бразилскиот портал за вести Г1.

-Оваа влада веќе уби повеќе од 500.000 луѓе како резултат на политичките заблуди, лажни вести, лаги и сега овој апсурден скандал со корупцијата со вакцини, изјави една од демонстрантите, лекарот Патриша де Лима Мендес.

Ова е трет ден на мобилизација од крајот на мај со барање за заминување на Болсонар од функцијата, кој е обвинет за лошо управување со пандемијата на коронавирусот, што веќе однесе повеќе од 500.000 животи во земја со 212 милиони жители.

„Геноцидниот Болсонаро“, „Не е негативизам, тоа е корупција“ или „Да за вакцините“, се само некои од натписите што ги носеа десетиците изјади демонстранти во центарот на Сао Паоло. (МИА)

Коронавирус