петок, 4. декември 2020. Вести денес: 60
home Вести

Историски топлотен бран ја погоди Европа: Ќе има уште екстремни температури, а потоа стигнува опасно невреме

Историски топлотен бран ја погоди Европа: Ќе има уште екстремни температури, а потоа стигнува опасно невреме

Топлотниот бран кој ја зафати Европа донесе рекордни температури ширум континентот.

Посебно топло беше на Пиринејскиот полуостров, а како што јавуваат метеоролозите, во првата половина од оваа недела и понатаму се очекуваат доста високи температури.

И француските и британските медиуми пишуваат дека разладувањето е на пат и дека мора да се издржи уште два дена, затоа што од среда се очекуваат пониски температури.

Покрај продорот на ладниот воздух од источниот Атлантик од источниот Атлантик во пределите на Франција, Бенелукс, но и во централна Европа може да се очекуваат екстремни временски услови, како големи врнежи и невреме со грмежи. Се наведува дека таквите временски услови може да се очекуваат доцна во вторник во Франција и Бенелукс, а од среда до петок во централна Европа.

Освен тоа, топлотниот бран во источна Европа ќе донесе уште повисоки температури отколку претходните денови. Може да се очекуваат температури од 35 до 38 степени.

За среда се прогнозираат екстремни температури во северна Германија, Данска и на југот на Шведска. Во склад со тоа загрижуваат можните временски услови до кои може да дојде на подрачјето на Германија.

Се очекува развој на суперќелии кои можат да донесат опасен град, јаки ветрови, па дури и торнадо како она кое неодамна го погоди подрачјето недалеку од Виена.

Да потсетиме, топлотниот бран предизвика бројни проблеми ширум Европа. Во Франција се изгасени постројките на нуклеарните електрено централи, затоа што реките станале претопли да би ги ладеле реакторите.

Рекордните вредности оваа година се забележани и внатре во Арктичкиот круг, каде повредени дури било и потопло отколку во овој регион.

Коронавирус