сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 130
home Вести

Историски минус од 618.000 работни места во Германија

Историски минус од 618.000 работни места во Германија

Најновите економски вести од Германија покажуваат дека дури и најголемата европска и една од водечките светски економии не минува лесно низ короната. Вториот квартал од оваа година бележи најголем пад на вработеноста од обединувањето на двете Германии.

Во вториот квартал, според Заводот за статистика, во Германија биле вработени околу 44,7 милиони луѓе. Споредено со првиот квартал, вработеноста паднала за 618.000 работни места или 1,4 проценти.

За жал, оваа лоша состојба се очекува да трае. На почетокот на месецот пристигнаа вести од Германија дека компаниите очекуваат мерките за ограничувања во јавниот живот, воведени заради епидемијата на вирусот корона, кои го попречуваат производството, транспортот и набавката на производи, да бидат продолжени најмалку уште осум месеци.

Сепак, некои се загрижени дека работникот ќе недостасува особено поради квотите за работниците од Западен Балкан, особено во градежниот сектор.

Коронавирус