понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 60
home Вести

Испливаа податоци на повеќе од 540 милиони корисници на Фејсбук: Секој кој ја посетил оваа страница, бил на мета

Испливаа податоци на повеќе од 540 милиони корисници на Фејсбук: Секој кој ја посетил оваа страница, бил на мета

Детални информации за повеќе од 540 милиони корисници на Фејсбук со месеци биле јавно видливи, покажала истрагата на компанијата задолжена за безбедност на интернет.

Компанијата Апгард за време на рутинската контрола открила големо складиште на податоци на необезбеден сервер на Амазон кој го користиела една мексиканска фирма за друштвени мрежи.

Најголемиот дел од информациите кои содржеле имиња, коментари, реакции и идентификациони броеви, биле за посетителите на страницата „Култура колектива“ (Cultura Colectiva).

Таа страница соопштила дека податоците се собрани од интеракција со корисниците.

Приватните податоци како што се меил адреси и лосинки не биле на споменатиот серве, бидејќи Култура колектива нема пристап до таквите информации за корисниците.

Фејсбук соопшти дека неговите правила не дозволуваат податоците од друштвената мрежа да се чуваат во јавно достапните бази.

Коронавирус