среда, 2. декември 2020. Вести денес: 64
home Вести

Испитани 30 луѓе во врска со пожарот во Нотр Дам

Испитани 30 луѓе во врска со пожарот во Нотр Дам

Париски судски претставник соопшти дека истражителите испитале околу 30 луѓе по пожарот во катедралата Нотр Дам во Париз.

Тој прецизира дека повеќето од нив биле ангажирани во обновата на црквата.

Според наводите на истрагата, по првиот аларм за пожар некои отишле да проверат на покривот, но не забележале ништо.

Кога алармот се огласил по втор пат било предоцна. Конструкцијата на катедралата е во стабилна состојба, но за целосна потврда биле неопходни неколку дена.

Коронавирус